(ФОТО) Државата продава конфискуван стан од пред 16 години во случајот ,,Пепел”
Додека јавноста веќе подзаборави на случајот ,,Пепел”, во кој меѓу обвинетите беше и кумановецот Бајрш Сејдији, државата по 16 години се ,,сети” да продава имот кој беше запленет во овој предмет.

Поточно, Агенцијата за управување со одземен имот објави за продажба дел од куќа во Бутел, за која ,,Фокус” информира дека била конфискувана во овој случај од 2010 година.
Во огласот на Агенцијата се наведува дека се продава имот на место викано Хо Ши Мин, во Бутел.
-катастарска култура дворно место, со површина од 218 м2;
-катастарска култура, земјиште под зграда 1, со површина од 105 м2;
-број на зграда1, намена на зграда А1, влез 1, кат ПО, број 1, намена на посебен/заеднички дел од зграда помошна просторија, со внатрешна површина од 28 м2 и
-број на зграда1, намена на зграда А1, влез 1, кат ПР, број 1, намена на посебен/заеднички дел од зграда стан, со внатрешна површина од 93 м2.
Јавното наддавање за недвижноста ќе се изврши електронски на ден 03.07.2026 година.






