(ФОТО) Државните коли на вицепремиерите Меџити и Фетаи “фатени” пред полноќ близу партиски штаб

„Кога ја презедовме одговорноста да ја водиме државата, најдовме институции заглавени во мрежа од злоупотреби, клиентелизам и системска корупција“. Ова се зборови на премиерот Христијан Мицкоски со кои ја пофали својата и ја критикуваше претходната влада откако ГРЕКО го објави Додатокот на вториот извештај за усогласеност на земјава, согласно препораките од петтиот циклус.

Неколу дена по оваа изјава, на булеварот „Крсте Петков Мисирков“ случајно наидовме на неколку непрописно паркирани автомобили во близина на ТЦ Мавровка. Беше околу 23 часот. Црните „шкоди“, некои со слични регистрации, наликуваа на државни возила. Ги фотографиравме. Следниот ден се обративме во Службата за општи и заеднички работи на Владата, пишува 360 Степени.

 

Едното на Меџити, другото на Фетаи

Нашите прашања беа едноставни. Дали и која институција или државен службеник ги користи следниве автомобили:

Шкода Суперб 4х4 SK 4681 BS;

Шкода Суперб 4х4 SK 4685 BS;

Шкода Суперб SK 5227 BS.

Одговорот стигна набргу.

 

Едното возило е на вицепремиерот Изет Меџити додека другото возило е на вицепремиерот Арбер Фетаи.

Шкодата со регистрација SK 5227 BS не е во наша сопственост, одговориле за 360Степени од Службата за општи и заеднички работи.

Повеќе

Back to top button
Close