(ФОТО) Ефект од замрзнувањето на цените: Праски од 675 денари …

Цените само делумно се намалени, а на некои намалувањето е еднакво на покачувањето на цената кое се случуваше во последните седум дена од јануари, е заклучокот на дел од граѓаните кои редовно пазарат во поевтините супермаркети, пренесе Фокус.

Одлуката на Владата да ги ограничи маржите и да ги замрзне цените на одредени производи не донесе големо намалување токму поради тоа што како крајна цена која треба да се намали беше земена цената на 1 февруари кога маркетите веќе ги имаа поскапено најважните производи.

Пример за тоа е пакување од 200 грама со турско кафе кое пред мерката на владата со месеци држеше цена од 75 денари. Во последната недела од јануари скокна на 90 денари, а со намалувањето има цена од 88 денари. Ова значи дека кафето е поскапено за 15 отсто.

Во некои од маркетите може да се видат и астрономски цени на овошјето од увоз, како праски кои чинат 675 денари за килограм.

Повеќе

Back to top button
Close