ФОТО: Експлозија во центарот на Белград- има повредени

Неколку лица се повредени во експлозијата на шише со гас што се случи во центарот на Белград.

Екипите на брзата помош се на терен, истрагата е во тек.

Од силната експлозија се скршиле прозорците на блиските локали, додека пак од Брзата помош велат дека две лица се пренесени во Ургентниот центар, како и дека едно лице е на реанимација.

Полицијата соопшти дека пет лица биле повредени во експлозијата.

Според првите информации, експлозијата се случила во ресторан за брза храна, а повредени се работници и човек кој дошол да помогне, а еден од нив е со тешки повреи.

Back to top button
Close