(ФОТО) Герила акција во Скопје: Една четвртина од јавните пари се трошат на коруптивен начин

Денеска во центарот на Скопје, на улица „Македонија“ беше поставена визуелна инсталација во форма на џиновска крофна со порака дека една четвртина од јавните пари се трошат на коруптивен начин.
„Четвртината што недостасуваше од крофната симболично ја претставува дупката што корупцијата секојдневно ја прави во јавниот буџет – средства кои наместо за образование, здравство и инфраструктура, исчезнуваат во приватни џебови. Преку овој креативен и визуелно силен перформанс, јавноста беше повикана да размисли за реалните последици од корупцијата и да се вклучи во барање отчетност и транспарентност од институциите“,се вели во соопштението на невладината „Аналитика“.
Оттаму велат дека креативни јавни интервенции имаат за цел да ги мобилизираат младите и јавноста во борбата против корупцијата.

Акцијата е замислена и реализирана во соработка со уметникот Никола Писарев од Центарот за современи уметности – Скопје
