ВИДЕО: Гори куќа во центарот на Кочани
Пожар избувна во куќа во центарот на Кочани, пренесе радио Кочани. Засега нема информации за повредени и од што настанал. Во моментот има интервенција за гаснење на пожарот кој ветрот го шири.
Брзата интервенција на Противпожарната бригада спречи катастрофа. Радио Кочани објавни снимки од кои се гледа дека се интервенира со две противпожарни возила. Неофицијално, пожарот е локализиран и е спречено да се прошири на околните објекти.
Според неофицијални извори, како што пренесува МИА, огнот од едната куќа се префрлил на соседната. Сепак, тој е локализиран и е спречено да не се прошири на околните објекти.
Од запалената куќа, пожарникарите успеале да извлечат повозрасна жена, која според првичните информации, не се наоѓа во животно загрозувачка состојба
видео: Радио Кочани