ФОТО: Градоначалникот на Центар Саша Богановиќ се венча со избраничката Јелена во манастир во Косово

Градоначалникот на Центар Саша Богановиќ и избраничката на неговото срце Јелена Брауновиќ, Светата Тајна Венчание ја примија денеска во Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Грачаница, објави Слободен печат.

Младоженците и гостите по ова заминаа на ручек во елитен ресторан во Грачаница. Пред неколку дена градоначалникот Богдановиќ најави дека со оглед на тоа што свадбените веселби во Македонија се забранети поради епидемијата од коронавирус, кога ќе има услови со Јелена ќе направат и свадба во Скопје за своите роднини и пријатели.

Како што може да се забележи од фотографиите, гостите на венчавката на Богдановиќ не носеа маски во текот на целата церемонија во Грачаница, иако на Косово како и во сите земји од регионот и во Европа, носењето маски е задолжително, како и држењето на дистанца.

Повеќе фотографии на следниот линк.

Back to top button
Close