ФОТО | Грета Тунберг во Македонија, го посети Тетово
Шведската активистка за животна средина и за климатски промени Грета Тунберг, која неодамна беше депортирана од Израел во обид на бродот „Мадлин“ да достви хуманитарна помош за цивилите во Газа кои умираат од глад, денеска е во Македонија.
На 10 јуни бродот „Мадлин“ беше пресретнат од израелските сили во меѓународни води после што Тунберг беше качена на лет за Франција, од каде продолжи за Шведска. Општествено-културниот центар Тетово објави фотографии на кои се гледа Тунберг која вчера била во посета на оваа организација. Остануваат непотврдени информациите дека Тунберг ќе присуствува и во Скопје на организирани настани денес и утре. Пред да дојде во Македонија, Тунберг неделава беше присутна на протест во Тирана Албанија, на плоштадот „Скендербег“ за да го крене својот глас за страдањата на палестинскиот народ предизвикани од Израел