Фото: Хаос во Белград -Вулин обвинува дека насилствата се обид за државен удар

Министерот за одбрана, Александар Вулин, вечерва за „Пинк“ телевизија изјави дека она што се случува втора вечер во Белград не е протест против мерките на Кризниот штаб во борбата против коронавирусот, туку обид за државен удар.

– Сите непријатели на Србија се среќни вечерва, да го гледаат центарот на Белград, Нови Сад, како горат, како се напаѓа српската полиција, сограѓани, какосе уништува сè во оваа земја, можат само да ги израдуваат непријателите на Србија, рече Вулин во
телефонска врска.

Од српските власти се бара да се повлечат настрана и да дозволат разни силеџии, фашисти и екстремисти да се обидат да ја преземат власта без избори, додаде Вулин и потврди дека митинзите немаат друга цел освен обиди за насилство и државен удар.

Вулин додаде дека она што се случува вечерва пред Домот на националното собрание не е ништо друго освен обид за провокација на граѓанска војна.

– Државата Србија ќе победи, државата мора да победи, ние ќе го зачуваме владеењето на законот, владеењето на правото и силата на законот мора да го победи насилството, заклучи Вулин.

Back to top button
Close