(Фото и Видео)Едни ја фалат други ја кудат.Арсовска новогодишно го накити Скопје
Скопската градоначалничка Данела Арсовска на својот профил на Фејсбук објави видео од украсувањето на главниот град, кое таа самата најави дека ќе се случи во рамки на можностите на Градот.
На видеото е прикажано китење на дел од улиците во централното градско подрачје и плоштадот „Македонија“ каде централно е поставена новогодишната елка. Околу неа се веќе поставените куќички-штандови. На плоштадот е монтиран и мини луна парк.
Во коментарите под фејсбук-објавата на Арсовска, граѓаните имаа дел позитивни, дел негативни критики за новогодишното украсување.
Од коментари со поддршка дека градот е накитен како вистинска метропола, до критики дека на Скопје воопшто не му било потребно новогодишно украсување додека скопјани со недели мака мачат со јавниот градски превоз и нередовните автобуси, а на приватните превозници не им се исплаќа долгот од ЈСП.