(ФОТО) И Заев отпатува во Белград, Вучиќ вели дека е среќен што може да го угости


Српскиот претседател вели дека е среќен што Заев денеска е во Белград
И поранешниот премиер Зоран Заев денеска е во Белград каде од вчера до недела одржува четиридневниот саем за вино, храна и туризам во рамки на иницијативата Отворен Балкан, а денеска се одржа и традиционалниот политички самит.

За присуството на Заев во српската претстолнина на Инстаграм се пофали српскиот претседател Александар Вучиќ, велејќи дека е горд што може да го угости поранешниот премиер кој е еден од основачите на Отворен Балкан.

„Посебно сум среќен што можев да го поздравам у угостам искрениот пријател и еден од основачите на Отворен Балкан, Зоран Заев, денеска во Белград“,напиша Вучиќ под заедничката фотографија со поранешниот премиер.

Фотографијата, според информациите објавени на инстаграм е направена во Палатата „Србија“ каде денеска се одржа политичкиот самит.

На саемот покрај политичките лидери на трите држави дел од Отворен Балкан – српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, присуствува и црногорскиот премиер во заминување Дритан Абазовиќ, претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија и министрите за надворешни работи на Унгарија и Турција, Петер Сијарто и Мевлут Чавушоглу.

Back to top button
Close