ФОТО: Идентификуван исчезнатиот во Охридското Езеро – 52-годишниот Илија Танчев од Пловдив

52-годишниот Илија Танчев од Пловдив е лицето што исчезна при нуркање во Охридското Езеро. Во петок тргнал кон Охрид, а на својот профил на „Фејсбук“ претходно објавил фотографија на која се гледа дел од неговата опрема.

Во саботата нуркал во Македонија со пријател, локален жител. Кога Танчев не излегол на површина, пријателот го пријавил случајот кај надлежните служби.

 Во потрагата се вклучени Црвениот крст, Езерската полиција и локалниот нуркачки клуб „Амфора“. Засега нема трага од исчезнатиот.

Според информациите на bTV, неговите траги се губат на длабочина од 89 метри.

фото: ФБ

Back to top button
Close