(ФОТО) Израелските одбранбени сили срушија 23 згради во бегалскиот камп Џенин на Западниот Брег

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека срушиле 23 згради во бегалскиот камп Џенин на Западниот Брег, кои наводно биле користени од терористи.

На фотографиите се прикажани серија симултани експлозии во густо населениот бегалски камп Џенин на Западниот Брег и густи облаци чад.

ИДФ објави дека извршиле надзор над стотици згради во Џенин, при што биле лоцирани лаборатории за производство на бомби, магацини за оружје и командни центри.

Директорот на државната болница во Џенин, Висам Бејкер, изјави дека во израелските напади е оштетен дел од болницата, но нема жртви.

Во Џенин е сместен бегалски камп во кој живеат голем број потомци на Палестинци кои се протерани или побегнале од своите домови за време на војната во 1948 година со која беше основана државата Израел.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close