ФОТО | Костадинов ги искара полуматурантите: Ова не е повод за хаос, учениците веднаш да го исчистат отпадот што го оставиле
Полуматурата не е повод за хаос, туку момент на покажување зрелост и почит кон државата и заедницата. Она што денес се случи на градскиот плоштад – е неприфатливо, реагираше градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов и нареди плоштадот да биде исчистен веднаш.

– Во рок од едно деноноќие, директорите на основните училишта, заедно со наставниците и учениците, се задолжуваат да го исчистат отпадот кој самите го оставиле зад себе. Ова не е молба. Ова е наредба. Кој не постапи – ќе сноси последици согласно надлежностите – порача Костадинов.
Тој истакна дека ова е првиот тест за зрела генерација и порача дека Во Струмица владее ред и така и ќе остане.
Извор: Слободен печат