(ФОТО) Ковачевски и Петков во посета на софискиот Универзитет „Св. Климент Охридски“

За време на посетата на Универзитетот премиерите Ковачевски и Петков имале куса средбата и со ректорот проф. д-р Анастас Герџиков, на која меѓу, другото, станувало збор и за заедничкиот интерес на двете Влади да ја охрабрат комуникацијата и соработката меѓу државните универзитети во Северна Македонија и Бугарија

За време на дводневната посета на соседна Бугарија, премиерот Димитар Ковачевски, со бугарскиот премиер Кирил Петков, како дел од програмата по пристигнувањето на македонската Влада во Софија, заедно го посетија тамошниот државен Универзитет „Св. Климент Охридски“.

Највисоки претставници на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ и на Економскиот факултет ги запознаа гостите со заедничката програма на Универзитетот Харвард од САД со софискиот државен универзитет на магистерските студии на Економскиот факултет, на која гостин професор е и премиерот на Бугарија Кирил Петков, информираат од владиниот прес-центар.

За време на посетата на универзитетот премиерите Ковачевски и Петков имале куса средбата и со ректорот проф. д-р Анастас Герџиков, на која меѓу, другото, станувало збор и за заедничкиот интерес на двете Влади да ја охрабрат комуникацијата и соработката меѓу државните универзитети во Северна Македонија и Бугарија.

Ковачевски и владината делегација од земјава попладнево со највисоки државни почести беа пречекани во Софија, а утре се очекува да се одржи и заедничка меѓувладина седница, а предвидено е и да се потпишат неколку билатерални документи.

Back to top button
Close