(ФОТО) Ковачевски со Макрон и Шолц: Разговараме за скринингот и за предизвиците пред С Македонија

Премиерот Димитар Ковачевски со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц на маргините на самитот на ЕУ за Западен Балкан, кој се одржува во Тирана, разговараме за скринингот во рамки на преговорите на земјава со Унијата и за предизвиците со кои се соочуваме.

На социјалните мрежи тој објави фотографија со Макрон и Шолц, велејќи дека се наши големи поддржувачи.

„Со претседателот на Франција Емануел Макрон и канцеларот на Германија Олаф Шолц, кои се наши големи поддржувачи, секогаш имаме конструктивни разговори за европската иднина на Северна Македонија. Денеска за време на Самитот во Тирана разговараме за актуелните процеси во Република Северна Македонија, посебно во делот на започнатиот скрининг процес како и за предизвиците со кои се соочуваме и успешно ги надминуваме. Тема на нашиот разговор беше и енергетската криза, актуелните состојби во Европа и војната во Украина“,наведе Ковачевски.

Претходно тој објави дека на овие теми разговарал и со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел.

На официјалниот дел на самитот, пак, како што веќе објавивме, беше потпишан договор за пониски цени во роаминг меѓу земјите од Западен Балкан и земјите од ЕУ.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close