ФОТО: Мадам Тисо го “изложи” Трамп во ѓубре
Mузејот на восочни фигури „Мадам Тисо“ во Берлин ја отстрани фигурата на Доналд Трамп „како подготвителна мерка пред претседателските избори во САД“.

Поконкретно ја “изложи” во контејнер.
Денешниот потег е првенствено симболичен во пресрет на изборите во САД. Ние ја отстранивме восочната фигура на Доналд Трамп во Мадам Тисо во Берлин како подготвителна мерка“, рече управителот на музејот.
На изложбата на Мадам Тисо има и поранешни американски претседатели, па без оглед на резултатот од изборите, отстранетата фигура на Трамп најверојатно наскоро ќе се врати во музејот, јавува британската агенција.






