(ФОТО) Македонска делегација по повод 2 Август го посети манастирот „Св. Прохор Пчињски“

Од денешната посета на македонската делегација на манастирот „Св. Прохор Пчињски“ / Фото: Собрание на РСМ

Потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, положи цвеќе на спомен-плочата на АСНОМ која се наоѓа на влезот на манастирот

Двете делегации на одбележувањето на 2 Август, ги истакнаа добрососедските и братски односи меѓу двете земји

По повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, денеска македонска делегација беше во посета на манастирот „Св. Прохор Пчињски“, каде што на денешен ден пред 81 година е одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија – АСНОМ.

Од денешната посета на македонската делегација на манастирот „Св. Прохор Пчињски“ / Фото: Собрание на РСМ

Македонската делегација ја предводеше потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска и заменик-потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ, а меѓу присутните беше и македонскиот амбасадор во Србија, Никола Тупанчевски.

Од денешната посета на македонската делегација на манастирот „Св. Прохор Пчињски“ / Фото: Собрание на РСМ

Во манастирот беа пречекани од заменик-претседателката на српското Собрание, Невена Ѓуриќ и владиката на Врањската епархија, г. Пахомиј, каде што заедно направија обиколка на верскиот објект.

Бендевска положи цвеќе на спомен-плочата на АСНОМ која се наоѓа на влезот на манастирот.

Од денешната посета на македонската делегација на манастирот „Св. Прохор Пчинњски“ / Фото: Собрание на РСМ

Потоа таа се заблагодари за гостопримството и ги истакна добрососедските и братски односи меѓу двете земји.

Во изјава за медиумите го нагласи интегративниот процес на земјава.

„Македонија заслужува да биде дел од Европа, но не по која било цена. Уцени и притисоци не прифаќаме. Сакаме Европа под исти услови како што членството го оствариле сите останати држави, со задоволување на Копенхашките критериуми, а тоа значи владеење на правото, почитување на меѓучовечките односи и добар социоекономски развој. Никако поинаку“, рече таа.

Според неа, важно е да се обединиме околу заедничките цели и визии, потенцирајќи дека Балканот треба да стане дел од Европа.

Претходно таа го посети Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.

Заменик-претседателката на српското собрание, Невена Ѓуриќ, рече дека самиот факт што на овој голем ден двете делегации се заедно покажува колку се цврсти и силни врските меѓу двата народи, засновани на историја, култура и традиција.

„Сигурна сум дека и понатаму ќе работиме само на унапредување на таа соработка“, кажа таа.

Од 2022 година, по повеќе од 15 години, во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ повторно се одбележува 2 Август.

Back to top button
Close