(Фото) Малолетници излетале и се превртеле со „пежо“ во Боговиње – ги вадеа пожарникари, завршија во болница

Вчеравечерта, тешка сообраќајна несреќа се случи во општина Боговиње. Според првичните информации на „Коха ТВ“, во автомобилот кој се превртел и излетал од патот, имало четири лица и сите биле малолетници. Од автомобилот, биле вадени од пожарникари, бидеќи биле заглавени.

„Тие биле на возраст од 15 и 16 години“, се наведува од медиумот.

Еден од малолетниците има тешки повреди и е однесен во Клчиничката болница во Тетово, а другите имаат полесни повреди.

На местото била повикана и полиција, а детали се очекуваат од МВР.

Фото: TV Koha

Back to top button
Close