(ФОТО) Маричиќ го пречека Вучиќ на аеродром

Добредојде за претседателот на Србија, Александар Вучиќ во преубавиот и сончев Охрид, објави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, на фејсбук по пречекот на аеродром.

Тој вели дека денеска е значаен ден за иднината на европската перспектива и одлична можност Западен Балкан да отвори нова страница во меѓусоседските односи.

„Даваме силна поддршка за преговарачкиот процес меѓу Белград и Приштина, за да се дојде до добро европско решение. Ги овозможиме услови и атмосфера за средбата помеѓу Курти и Вичиќ. Се надевам дека со добри вести ќе заминат од нашата земја“напиша Маричиќ.

Охрид е местото каде денеска ќе се одржи нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина. Поради средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, градот е под посебни бебзедносни мерки.

На состанокот на кој ќе посредува високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, а чиј домаќин е македонскиот премиер Димитар Ковачевски, се очекува да се разговара за анексот на предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, кој се однесува на имплементација на договорот што начелно беше одобрен од двете страни.

Back to top button
Close