ФОТО: Мијалков по ковидот се појави на судење, вели немал рецепт за милионите

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, денеска се појави во Кривичниот суд, на судењето за “Плацевите на Водно”. Тој отсуствуваше на минатото рочиште бидејќи се наоѓаше во изолација по позитивен тест за Ковид-19.

Пред да влезе во судницата Мијалков беше прашан од новинарите “кој е рецептот за милионите”, алудирајќи на неговата гаранција од 11 милиони евра. Мијалков пак одговори дека нема рецепт.

“Немам таков рецепт”, рече Мијалков.

За овој случај, покрај Мијалков, обвинети се екс премиерот Груевски, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисменот Орце Камчев, мајка му Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Според обвинението, Груевски, од 2006 до 2012 година, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, дел од партиските донации што ги добивал, лично или преку општинските комитети, ги задржувал за себе, па така прибрал најмалку 1,3 милиони евра.

Back to top button
Close