(ФОТO) Мицкоски придружуван од Стојанче без претходна најава го посетил Кочани и се потпишал во книгата на жалост соопшти владата
За посетата на Мицкоски на Кочани немаше никаква најава од владината прес-служба, што е вообичаена пракса за други настани на кои присуствува премиерот
Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посетил градот Кочани и се потпишал во книгата на жалост во чест на жртвите од трагичниот пожар, информираа од владината прес-служба.
Премиерот Христијан Мицкоски се потпиша во книгата на жалост во Кочани, Фото: Влада на РСМ
„Во овие тешки моменти, Кочани, Македонија и целиот наш народ тагуваат за младите животи што згаснаа прерано, за соништата што останаа неостварени. Денес, во тишина, со солзи и со почит, се поклонуваме пред жртвите и нивните семејства. Вечна им слава. Нека почиваат во мир“,
напишал премиерот Мицкоски во Книгата на жалост, известија од Владата.
Премиерот Христијан Мицкоски се потпиша во Книгата на жалост во Кочани, Фото: Влада на РСМ
Посетата беше чин на длабока почит и солидарност со семејствата кои поминуваат низ најтешките моменти, се додава во владиното соопштение.
За посетата на Мицкоски на Кочани претходно немаше никаква најава од владината прес-служба, што е вообичаена пракса за други настани на кои присуствува премиерот.
Премиерот соопшти дека бил во Кочани во неделата, веднаш по трагедијата, и дека престојувал во полициската станица во градот