(Фото) Младиот човек кој беше пронајден мртов во Љубљана е Стојче Ѓоргиев. Таму бил веќе 17 години како градежен работник
Младиот човек, кој во петокот беше пронајден мртов во Љубљана е Стојче Ѓоргиев од кочанското село Грдовци.
МНР денеска потврди дека станува збор за македонски државјанин роден 1986 година во Кочани.
Неофицијално, како што претходно соопштија словенечките власти, тој бил претепан до смрт.
Починатиот македонски државјанин пронајден во Љубљана е од Кочани, потврди македонското Министерство за надворешни работи. Како што додаваат оттаму, блиските на починатиот веќе се известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција.
„Ве информираме дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври 2025 година, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани. Согласно информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција“се наведува во соопштението на МНР.
Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е во контакт со семејството на починатиот и со надлежните словенечки институции, со цел обезбедување на потребната конзуларна поддршка и следење на понатамошниот тек на постапката, додваат од МНР.
Како што претходно објавивме, тело на маж било пронајдено во центарот на Љубљана во четвртокот наутро, а како што информира портпаролката на Полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц, станува збор за 38-годишен државјанин на Северна Македонија.
Штипската тв Стар јави дека погребот на убиениот Стојче Ѓоргиев ке биде утре во родното Грдовци. Тој во Љубљана заедно со неговиот брат работел и живеел 17 години како градежен работник. Ноќта на 2 ри месецов бил најден претепан според полицијата најмалку од две лица,бил однесен во болница но таму починал.