ФОТО: МВР постави картонски полицаец на надвозник, ќе ги „плаши“ возачите да не возат брзо

Полицијата денеска соопшти дека презела „нова превентивна активност“ на подрачјето на СВР Тетово – поставена е картонска макета од полицаец на надвозник на автопатот Тетово-Гостивар, со цел, според МВР, „да се влијае за поголем сообраќаен ред и безбедност на патиштата на подрачјето кое ингерентно го покрива“.

Полицијата појаснува дека поставила „мобилна макета на полицаец со радар на надвозникот за тетовско Камењане, а која според првично сондираните сознанија и искуства, „позитивно се одразила врз брзината со која се движеле возилата во насока кон Гостивар и обратно“.

Back to top button
Close