(Фото) На белите ѕидови во парламентот флеки од кафе – Апасиев со филџан го гаѓал Пеката
Денеска во Собранието имало инцидент кога пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески – Пеката му се заканил на пратеникот од Левица Димитар Апасиев поради тоа што Левица „многу зборувале за патните трошоци“.
Според неофицијалните информации реагирало и собраниското обезбедување, за што уште не добивме потврда од Собранието на РМ.
Ристески почнал да му се заканува на Апасиев, по што Апасиев фрлил филџани кон него.