(ФОТО) Најмалку четири возила оштетени во сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Сообраќајна несреќа се случила вечерва на булеварот „Водњанска“ пред влезот на Клинички центар „Мајка Тереза“.

Прилично оштетени се најмалку четири возила, пренесе 360 Степени.

Дел од булеварот е затворен, а полицијата го пренасочува сообраќајот.

Неофицијално, судирот се случил меѓу два автомобили, по што оштетени биле и други возила кои биле паркирани.

Полицијата врши увид на местото на несреќата и се очекуваат повеќе детали.

Фото: 360 Степени

Back to top button
Close