ФОТО: На Рекорд нова сообраќајна незгода со моторџија во Скопје

Попладнево нова сообраќајна несреќа меѓу автомобил и мотоцикл во Скопје.

Фотографијата е снимена во центарот на главниот град во близина на постојката Рекорд.

Мотоциклот е речиси под автомобилот со кој претходно се судриле. Полициско возило со вклучена ротација е зад автомобилот кој учествувал во сообраќајката.

Сообраќајот во правец од Рекорд кон Собрание се одвива во една лента додека се врши увидот.

Тешка сообраќајна несреќа со автомобил и мотор имаше и вчера на Партизанска во Карпош 4, кога беа повредени двајцата возачи.

фото: Телма

Back to top button
Close