ФОТО: Наместо Заев на средба со НДИ беа Лукаревска и Николовски

messenger sharing button

Наместо актуелниот претседател на СДСМ, Зоран Заев кој најави оставка по поразот на локалните избори на средба со Националниот демократски институт беа заменик-претседателката Сања Лукаревска и генералниот секретар Љупчо Николовски.

NDI се соработници и партнери на нашата држава. Нивните сугестии и посветеноста се битен сегмент од она што значи развој на демократските процеси , капацитетност на политичките партии и понатамошно унапредување на идеи и политики за сите целни групи во општеството. Заедно со генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски бевме дел од агендата на Дерек Мичел,претседател на Навионалниот демократски институт и на регионалните директори за Европа и Азија, напиша Лукаревска на социјалната мрежа Фејсбук по средбата.

Back to top button
Close