(Фото) Никнаа цвеќиња во дупките на улиците во Тетово – акција на младите од Алијанса за Албанците

Од Алијанса за Албанците велат дека граѓаните се сведоци дека во општините каде има градоначалници од ДУИ улиците се со отпад и дупки и нема зелени површини и паркови за деца

Младинскиот форум на Алијанса за Албанците (ФРАШ) во герила акција синоќа засадиле цвеќиња на улиците во Тетово. Со ова, велат од партијата, младите сакаат да ѝ покажат на актуелната градоначалничка од ДУИ, Теута Арифи, и кандидатка за нов мандат, колку се големи и длабоки дупките на улиците во градот на чие чело е таа.

„Оваа преземена акција од страна на ФРАШ е исто така, и со намера да се иронизира зелената агенда на ДУИ којашто ја промовира како агенда за локалните избори“,велат од Алијанса за Албанците.

Од оваа опозициска партија порачуваат дека наспроти зелената агенда која ја тера ДУИ во кампањата, граѓаните во сите општини каде има градоначалници од редовите на интегративците се сведоци дека улиците се со отпад и дупки и оти нема зелени површини или паркови за деца.

Back to top button
Close