(Фото) Новиот учебник по Историја и општество на МОН, го издигна Монт Еверест за 20 000 метри повисоко

Само што Министерството за образование почна да ги дистрибуира новите учебници за петто одделение, родители на социјалните мрежи веднаш почнаа да реагираат дека во нив има грешки.

Станува збор за учебникот по Историја и општество, чии автори се Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска, а издавач е МОН.

Во него, како што се забележува, во Тема 2 – „Населението и за континентите“, на децата им се нуди информација дека највисокиот врв на светот, Монт Еверест на Хималаите, е висок 29 305 метри.

Досега се учеше дека врвот што го нарекуваат и покривот на светот е висок 8 849 метри.

Очигледно до грешката дошло поради лош превод.

Монт Еверест е висок 29 305, ама не метри, туку стапки. Ако стапките се претворат во метри, се добива точно 8 849 метри.

Back to top button
Close