ФОТО: Објавен нов и “пообичен” портрет на кралот Чарлс

Нов портрет на кралот Чарлс во воена униформа беше објавен во саботата по повод Денот на британските вооружени сили.

Имено, на фотографијата е прикажан кралот облечен во свечена униформа на фелдмаршал со медали, меч и одликувања.

поред позитивните коментари под фотографијата објавена на социјалните мрежи, несомнено следбениците на британското кралско семејство се пријатно изненадени и воодушевени.

„Конечно добар портрет“; „Најдобар портрет досега“, „Многу убава фотографија. Ми се допаѓа композицијата и боите.“, пишуваат обожавателите на кралското семејство.

Објавувањето на фотографијата се совпадна со видеопораката на кралицата Камила до припадниците на вооружените сили, која таа ги нарече „извор на инспирација, безбедност и гордост“.

Пред два месеци кралот Чарлс го откри својот прв официјален портрет. Маслото на платно на уметникот Џонатан Јео го прикажува Чарлс на позадината на живописни црвени нијанси во униформата на воената единица на велшката гарда со пеперутка преку неговото рамо.

Back to top button
Close