(ФОТО) Од пасатот на Шилегов не остана ништо: Очекуваме истрагата да ги утврди причините за пожарот на возилата

Поранешниот градоначаник на Скопје, Петре Шилегов , чие возило „ауди“ е целосно опожарено во пожарот што се случи утринава во 3.20 часот на улицата „Петре Пирузе“ во скопската населба Тафталиџе, за НоваТВ изјави дека очекува истрагата да ги утврди причините за пожарот на неговото и на уште три возила кои беа оштетени.

– Јавивме веднаш во Пожарна и во полиција и екипите набрзо дојдоа. По направениот  увид, чекаме истрагата да ги утврди причините за пожарот, ни  рече Шилегов.

Неговото возило е целосно изгорено, а од останатите три опожарени возила, едното е повеќе оштетено, а двете делумно, според првичните сознанија.

Немам индиции и причини да мислам дека пожарот во возилото бил подменат, изјави потоа за „Фокус’ Шилегов.

-Не знаеме како се запалило возилото. Најголема штета во пожарот има соседот на кого му изгоре целосно еден автомобил и уште други два се оштетени, а зафатена е и фасадата, вели Шилегов.

Рано утрово на улицата „Петре Пирузе“ се случил пожар во кој изгорел автомобилот марка „ауди“ во сопственост на Шилегов, а  освен неговиот, се запалиле и уште три возила – „пасат“, „матиз“ и „нисан“. Причините за опожарувањето на автомобилите сеуште не се познати.

Back to top button
Close