ФОТО: Охридските нуркачи од Центарот „Амфора“ го развиорија македонското знаме во морето кај Хургада во Египет

Професионална екипа од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид го развиори македонското знаме во прекрасното море кај популарниот туристички центар Хургада во Египет, пишува „Охрид прес“.

Нуркањето во Црвено Море е една од работите коишто се препорачуваат при секоја посета на овој регион. Локациите важат за едни од најубавите на светот, со корални гребени, разновиден жив свет и кристално чиста вода. Температурата на водата ретко се спушта под 22 Целзиусови степени, дури и во длабоко во зимскиот период (декември-февруари). Во текот на летото, температурата на водата достигнува и 30 степени. Видливоста е исклучителна и достигнува максимални 40 метри, поради што областа наликува на огромен аквариум и овозможува извонредни подводни фотографии.

Back to top button
Close