ФОТО: Ѓоковиќ им порача „њет“ на русите – одбра да одмара на плажа во Флорида

Фудбалските селекции на Србија и Русија ќе се сретнат на 21 март во Москва, а веќе е познато дека домаќините Русите подготвуваат голем спектакл. Тоа ќе биде најголемиот натпревар што нивната репрезентација го одигра од воведувањето на санкциите поради војната во Украина, па подготвена е богата културно-уметничка програма која ќе ја придружува самата фудбалска претстава. Меѓу другото, поканет беше и Новак Ѓоковиќ, но српскиот тенисер сепак рече „не“.

Тоа го потврдил и претседателот на Руската тениска федерација Шамил Тарпишков, откако директорот на руската фудбалска репрезентација Кирил Терешин потврди дека е испратена покана до Ѓоковиќ да дојде во Москва: „ Ѓоковиќ се откажа од турнирот во Мајами, а нема да лета ниту за Русија за фудбал. Турнејата продолжува во Америка и мора да биде таму, едноставно нема смисла да лета овде“, рече Тарпишчев, пренесе државната новинска агенција Тас.

Ѓоковиќ се повлече и од настап на Мајами Опен на големо разочарување на фановите, но неочекувано сепак се појави во Флорида каде наместо да се подготвува за турнирот, ужива со пријателите на плажа

Back to top button
Close