ФОТО: Ѓоковиќ му честита на Јокиќ
Додека го чека својот настап на Индијан Велс Новак Ѓоковиќ го следеше и натпреварот помеѓу Денвер и Феникс, а не пропушти да го пофали својот сонародник кој одигра уште еден неверојатен натпревар.
Јокиќ средбата ја заврши со 31 поен, 22 асистенции и 21 скок и така стана првиот кошаркар во историјата на НБА со над 30 поени, 20 асистенции и 20 скокови.
Како признание Ѓоковиќ на социјалните мрежи објави слика од Јокиќ