ФОТО: Пациент од Охрид со владиниот авион пренесен во Берлин – ќе му се трансплантира срце
Пациентот Д. Н. од Охрид, кој се соочува со тешка срцева болест, со владиниот авион е транспортиран во Универзитетскиот клинички центар во Берлин, Германија, информираат владини извори на денешниот брифинг .

„Пациентот претходно подолго време се лекувал на Клиниката за кардиохирургија и бил квалификуван за трансплантација на срце. Поради влошување на неговата здравствена состојба и потребата од итен третман, а поради недостаток на соодветен донор во земјава, итно е покрената постапка за лекување во странство.

Транспортот е реализиран преку Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и со поддршка од Министерството за здравство.

Германскиот медицински центар го прифати пациентот за стабилизација и подготовка за оперативниот зафат, каде што сега се чека појавувања на соодветен донор за да се изврши трансплантацијата на срце“, посочуваар владини извори на денешниот брифинг.






