(Фото) Падна дрво на Ленинова, оштетени две возила

Две возила се оштетени откако врз нив попладнево на улица Ленинова (Аминта Трети) во Скопје, падна половина дрво – липа. Двете возила се оштетени, но за среќа нема повредени. Паднато дрво оштети и кабли од околните бандери.

Станарите од соседните згради велат дека слушнале силен звук на кршење на дрво, а потоа и удар и звук на скршено стакло.

Се претпоставува дека причината за паѓањето на дрвото е дождот што интензивно врнеше деновиве, а особено денеска.

Дел од станарите велат дека подолго време јавувале до надлежните дека има оштетени гранки на дрвјата кои претставуваат потенцијална опасност за минувачите.

Еден од станарите од околните згради вели дека бил и до општина за да пријави за падот на дрвото и за оштетените кабли и возила, со цел да дојдат надлежните служби и да ја расчистат улицата, но не добил никаков одговор.

извор: Независенhttps://nezavisen.mk/foto-padna-drvo-na-leninova-oshteteni-dve-vozila/

Back to top button
Close