ФОТО: Пет години по крвавиот четврток Дурловски со перформанс пред Собранието

Со перформанс, денеска во паркот „Жена Борец“, оперскиот пејач Игор Дурловски ја одбележа петгодишнината од 27-ми април.

Дурловски беше сместен зад решетки и со трака преку устата од каде порача дека „Молчењето е злото“.

Судскиот процес за 27-ми Април започна на 22 август 2018 година, првично против 33 лица обвинети за „терористичко загрозување на уставниот поредок на државата“, а највисока казна му беше изречена на тогашниот директор на БЈБ, Митко Чавков, кому Апелациониот суд му ја преиначи казната од 18 на 16 години затвор.

Back to top button
Close