(ФОТО) Поголемиот дел од 10 те повредени во сообраќајката на воз со комбе кај „Порцеланка“ се од с.Мелница

Најголемиот дел од повредените во сообраќајната несреќа, што се случи во 12.01 часот кај „Порцеланка“ во Велес се од с.Мелница дознава Прес24 од извори во велешката болница.viber sharing button

 

Искрешни стакла од прозорите на комбето и срчи на седиштата е сликата по случениот судир меѓу воз и такси возило – комбе „мерцедес“, сопственост на такси компанијата од Чашка.

„Денеска (05.01.2023) во 12.01 часот во СВР Велес било пријавено дека на железничкиот премин кај фабриката Порцеланка во Велес се случила железничка незгода помеѓу воз на Македонски Железници и такси возило – комбе „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на такси компанија од Чашка, а управувано од Д.Ј.(52) од Чашка“, изјави Самарџиев.

Според официјалните информации на полицијата, во незгодата со повреди се здобиле 10 патници кои биле пренесени во Општа болница Велес за укажување лекарска помош.

Од ЈП МЖ Инфраструктура велат дека нивното возило удрило во задниот дел на комбето.

Возило сопственост на Инфраструктура се враќало од извршување работни задачи од станица во Богомила кон станица Велес, при што на патен премин Порцеленкна пред Велес удрило во задниот дел на патничко комбе, во кое се превезувале работници. Нашето возило кочело колку што му дозволувале техничките услови, неговиот запирен пат е околу 500 метри, дало сигнални знаци за опасност, но патничкото возило не застанало и поминало директно и било удрено на задниот дел, изјави Никола марков, помошник директор за сообраќај во МЖ Инфраструктура.

Увид на местото на несреќата вршат екипи на Комисијата за вонредни настани на ЈП МЖ Инфраструктура и на Министерството за внатрешни работи

Back to top button
Close