ФОТО | Полицајци спречија самоубиство утрово во Куманово: 34-годишен маж сакал да скокне од мост
Полицајци спречија самоубиство во Куманово: Фото: Фејсбук
Полицијата денеска спречи 34-годишен маж од Куманово да се самоубие. Според информациите, тој сакал да се фрли од мост во Куманово, но полицајците успеале да го убедат да се откаже од намерата.
„Денеска (21.10.2025) во 10:40 часот, по претходна пријава за лице кое сака да се самоубие, полициски службеници од СВР Куманово заедно со екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово спасија 34-годишно лице од кумановско, кое се обидело да се фрли од „Искрин мост“ во Куманово“ соопшти МВР.

По преземени мерки, лицето е убедено да се откаже од намерата, по што е пренесено во Општа болница Куманово за укажување лекарска помош.