(ФОТО) Портокалова велосипедска тура, изложба на карикатури и холандски пазар на отворањето на „Денови на Холандија“ во „Ист гејт мол“ 360степени

Овој викенд во „Ист гејт мол“ се одржува второто издание на „Денови на Холандија“. Во рамките на овој настан, во трговскиот центар, од 12 до 18 часот, ќе биде отворен и холандски пазар.

На овој пазар, покрај автентичните холандски производи, вклучени се и локални продукти произведени со холандска технологија.

Второто издание на „Денови на Холандија“, почна денеска, кога амбасадорот Дирк Јан Коп и извршниот директор на „Ист гејт мол“, Игор Давков ги пречекаа посетителите со посебно искуство кое вклучуваше портокалова велосипедска тура, изложба на декорирани велосипеди, филмови во виртуелна реалност и холандски пазар.

Настанот започна со симболична портокалова велосипедска тура и изложба на велосипеди декорирани од средношколци од Скопје во организација на „Гоу грин – Биди зелен“.

Во рамките на отворањето, амбасадорот Коп ги објави и победниците на регионалниот натпревар за карикатури организиран од холандското Министерство за надворешни работи и организацијата „Картун мувмент“. Независно жири составено од претставници од сите шест држави од Западен Балкан ја додели првата награда на Душан Перишиќ од Србија, а втората награда на Арменд Ајредини од Северна Македонија. . Изложбата на карикатури може да се посети до крајот на месецот.

Настанот е организиран по повод националниот ден на Холандија – Денот на Кралот.

Back to top button
Close