(Фото) Повторно удрен пешак, овојпат на пешачки кај Католичка црква

Вчера околу 20 часот, сообраќајна несреќа се случи во центарот на Скопје, кај Католичка црква, пренесе Скопје1.

Очевидци велат дека автомобил со скопски регистарски ознаки удрил во пешак кој поминувал на обележан пешачки премин. Станува збор за возрасен маж.

Засега не е позната состојбата на повредениот, а детали се очекуваат од МВР во текот на денот.

Back to top button
Close