ФОТО Пожар избувна попладнево во близина на Касарна Илинден, објави 4NEWS.mk
Попладнево избувна пожар на булеварот Словенечка, во близина на Касарна Илинден, објави 4NEWS.mk
Пожарот кој избувна во местото Аквадукт, во близина на ул. Словенечка, каде што гореше ниска вегетација и ниска стеблеста шума, е локализиран. На терен интервенираа екипи на БППЗ со три противпожарни возила и девет пожарникари, изјави директорот на ЦУК, Мухамед Али.
Засега не се познати причините од кои избувнал пожарот.