(ФОТО) Пожар во Тетово, запалени контејнери во центарот на градот

Градоначалникот Касами го осуди палењето на ѓубре

Синоќа околу 23 часот избил пожар во четири контејнери за отпадоци во центарот на Тетово, кои се поставени до една од зградите во комплексот „Ловец“. Станарите сведочат дека се појавила голема огнена стихија, по што противпожарни екипи го изгасиле пожарот.

Градоначалникот Биљал Касами се обрати преку социјалните мрежи осудувајќи го палењето ѓубре.

„Јавниот простор е на сите и сите треба да се грижиме за својот дом. Овие сцени не му служат на нашиот град, ова не е наше граѓанство. Бараме полицијата да го истражи случајот, а одговорните да ја добијат заслужената казна“, истакна Касами.

По гаснењето на пожарот од страна на пожарникарите, вработените во ЈКП Тетово- Одделение за комунална хигиена веднаш ги отстранија остатоците од запалениот смет и контејнери и ги заменија со нови.

Back to top button
Close