(Фото)Познатата македонска инфлуенсерка Маја Миа пронајдена мртва во Африка

Популарната мејк ап артистка и инфлуенсерка Маја Миа, по потекло од Охрид, била пронајдена почината во Африка, јавуваат медиуми од црниот континент.

Миа е родена во Македонија, но живеела во Танзанија повеќе од една деценија. Извештаите велат дека пред нејзината смрт таа живеела во Јужна Африка.

Засега не се наведуваат причините за смртта на Маја.

Маја Миа која имаше милиони следбеници на социјалните мрежи, неодамна беше во посета на земјава, а повеќе актуелни политичари објавија фотографии со неа.

Back to top button
Close