(ФОТО) Прегазен пешак во Ѓорче Петров

 

Фото 360

Сообраќајна несреќа вечерва се случи на улицата „Ѓорче Петров“ во истоимената општина.

Очевидци за „360 степени“ раскажуваат дека сообраќајката се случила кај општинската зграда и во неа автомобил удрил во пешак кој, според информациите од терен, загинал на самото место.

Фото 360

Полициски екипи сè уште се наоѓаат на терен и прават увид на местото на несреќата. На местото на несреќата има и екипа на Итната медицинска помош.

Од МВР велат дека во полиција е пријавено дека автомобил „ауди“ удрил во пешак кој починал нагласувајќи дека ова се првични информации според пријавата што е пристигната, како и дека нивни екипи веќе се на терен. По извршениот увид, се очекуваат и повеќе информации за околностите во кои се случила сообраќајката.

Back to top button
Close