(ФОТО) Премиерот боеше со дечињата од градинка

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и со градоначалникот на Општина Валандово Перо Костадинов денес во Јосифово, Општина Валандово присуствуваа и се обратија по повод новоизградената градинка „Детелинка”.

Оваа градинка е изградена во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги кој го спроведува Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка на Светска банка, информираат од Влада.

Од испратените фотографии, може да се забележи дека при реализација на посетата премиерот Ковачевски во еден момент си седнал на столче со дечињата од градинката, па заедно си боеле.

Оваа градинка ќе згрижи околу шеесетина деца. Пуштањето во употреба на новата градинка во село Јосифово, не значи само згрижени и безбедни деца, туку отворање нови работни места, информираат од Владата.

Back to top button
Close