Можеби ќе ве интересира
Close
„Бараме човечки и социјални права“, „Ако има за вас, треба да има и за нас“, „Заслужуваме достоинствен живот“ беа дел од транспарентите со кои стотици пензионери од целата држава денеска се собраа на протест пред зградата на Владата.
Барањата на пензионерите се линеарно зголемување на пензиите за 3 500 денари за секој пензионер, а не процентуално согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, како и промена на методологијата за пресметка на пензиите.
„Бараме, не шест отсто, не 80 отсто од минималната плата, бараме пензијата да ни биде 18 000 денари. Бараме линеарно покачување, а не процентуално“ рекоа пензионерите.
Пензионерите, кои беа на протестот, рекоа дека доколку не се остварат овие нивни барања ќе побараат оставка од министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.
фото: 360 Степени