ФОТО: Првата официјална фотографија од Кејт Мидлтон по операцијата поради која се повлече од јавноста

Објавена е првата официјална фотографија од Кејт Мидлтон, откако принцезата од Велс во јануари имаше операција на абдоменот, која ја држеше подалеку од очите на јавноста.

Фотографијата на Кејт и нејзините деца беше објавена на Денот на мајката како благодарност до јавноста за континуираната поддршка по операцијата.

На фотографијата која ја направил нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, Кејт (42) се смее и изгледа здраво опкружена со своите деца – принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот.

„Ви благодарам за убавите желби и континуираната поддршка во текот на изминатите два месеци. Ви посакувам среќен Ден на мајката“, напиша Кејт на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер.

Кејт не е видена во јавност откако му се придружи на остатокот од кралското семејство на прошетка на Божиќ.

Идната кралица беше примена во Лондонската клиника на планирана операција на 16 јануари. Принцезата се врати дома од приватната болница по 13 дена, а Кенсингтонската палата тогаш соопшти дека принцезата „добро напредува“.

Кејт Мидлтон нема да се појави во јавност во јуни, името на принцезата е отстрането од списокот на гости за церемонијата „Поздрав до боите“.

Се очекува Кејт да се врати на официјалните кралски должности по Велигден.

Back to top button
Close