Фото: Раде Трајковски-Штекли позира во болничкиот кревет

Фотографијата е направена во болничкиот кревет каде Штекли заврши по неодамнешниот втор обид за негова ликвидација во трговскиот центар „Ист Гејт“.

На социјалните мрежи кружи фотографија од ранетиот Раде Трајковски – Штекли на која и покрај видливите преврски, тој позира насмеан.

Фотографијата е направена во болничкиот кревет каде Штекли заврши по неодамнешниот втор обид за негова ликвидација во трговскиот центар „Ист Гејт“.

Инцидентот во „Ист Гејт“ се случи токму пред една недела, на 24 октомври, а пукањето се одвиваше на ниво „минус 1“ на паркингот.

Раде Трајковски-Штекли, се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. По првичните сомнежи, во истрагата за убиството не беа најдени докази за Трајковски и тој не беше обвинет.

Штекли беше уапсен во Грција во 2011-та како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари. Трајковски тогаш беше екстрадиран во Италија каде имаше и судење за големиот случај со наместени натпревари во италијанскиот фудбал

Back to top button
Close